Боја на греено вино - зимски тренд за фарбање на косата
Нијансата на омилениот топол напиток е полн погодок за студената сезона. Воедно, таа е и боја која секогаш обезбедува доза на луксуз во изгледот.
Штом температурите паднат, веднаш посегнуваме по омилените топли напитоци.
А, деновиве на социјалните мрежи се прошири трендот за фарбање на косата, кој е во согласност со празничното расположение.
Инспириран е од популарниот зимски пијалак, кој покрај убавиот вкус, поседува и прекрасна естетика.
Станува збор за бојата на црвено греено вино, која на косата ѝ ја вдахнува темната црвена нијанса со примеси на виолетови тонови.
Идеална е за претстојното годишно доба, затоа што изразито добро му ласка на ликот, а со себе секогаш носи и доза на луксуз.
Уште една од предностите на оваа боја е тоа што лесно се прилагодува на секаков тен, бидејќи не се работи само за една нијанса, туку за палета на длабоки црвени тонови.
На дамите со посветла боја на кожата, подобро ќе им прилегаат интензивните нијанси со примеси на розикави тонови. Од друга страна, жените со потемен тен ќе играат на сигурно со бордо нијансата.
Доколку не сте подготвени да ја офарбате целата коса, тогаш и прамените во боја на греено вино ќе бидат вистинско освежување за вашиот изглед.
Притоа, најдобро изгледаат кога се направени во „balayage“ стил.
Ако посакувате промени, ова е бојата со која не може да погрешите зимава, во ниту еден случај. На Instagram и Pinterest, пак, лесно ќе пронајдете фотка што може да му ја покажете на фризерот.
Oд галеријата во продолжение, погледнете ги нашите предлози со хит нијансите за празничната сезона:
М. А. | Црнобело