Трикови од стилистите како да изгледате помладо без разлика на возраста
На никој не му е пријатно кога на лицето ќе почне да забележува брчки и секоја жена сака да најде брзо и по можност природно решение за тоа.
Овој процес е неизбежен, но постојат начини на кои барем малку можете да го прикриете тоа и да направите да изгледате помладолико.
За да го постигнете овој резултат, важно е да се посвети внимание на очите, усните, веѓите и образите, односно секој дел од лицето кој им паѓа во очи на останатите.
Неколку трикови кои стилистите ги споделија за да изгледате помладолико:
Пополнување на долната усна
Многу жени се обидуваат да направат горните или двете усни да им изгледаат поголемо, мислејќи дека така ќе бидат поатрактивни. Но, всушност, пополнетите горни усни прават да изгледате постаро, па затоа е подобро поприроден изглед, со истакнатост на долната усна.
Сјај под завршетокот на веѓата
За да добиете посвеж изглед и да добиете изглед на подигнати капаци, доволно е само да ставите малку хајлајтер или светкава светла сенка под веѓата. Ѕвездите го користат овој трик и во секојдневниот живот, а навистина има големо влијание.
Високи јаболкници
Со текот на годините, карактеристиките на лицето помалку се разликуваат и истакнуваат, бидејќи кожата почнува по малку да виси и да станува поеластична.
Истакнатите остри линии на јаболкниците го прават ликот многу помлад, но ретко кој ги има природно. Повеќето се нафаќаат на козметички процедури, а некои повешти, успеваат да го направат тоа и со шминка.
Кожа во природна боја
Можеби сончањето и солариумот помагаат да се прикријат некои други недостатоци на кожата, сепак тие истовремено прават и да изгледате неколку години постаро.
На потемна кожа полесно се забележуваат брчките, а ултравиолетовите зраци го уништуваат лицето и го прават постаро. Исто така, обидувајте се да користите посветли и поедноставни тонови на шминка.
Природен облик на коса
Избегнувајте ги фризурите во облик на геометриска фигура, со остри линии. На ваков чекор може да се нафатат само оние најхрабрите со совршен облик на лице и кожа без недостатоци.
Ако не спаѓате во оваа група, практикувајте малку поприроден изглед на фризурата кој најлесно се постигнува со неколку брановидни свртувања на прамените.
Природна боја на коса
За да не изгледате постаро бирајте посветли тонови за боја на коса, но не пресветли. Важно е косата да изгледа поприродно, па затоа избегнувајте руса коса или премногу темна.
Малку разбушавени веѓи
Поприродни и малку разбушавени веѓи може да ви дадат „живост“ на изгледот и да ве направат помлади. Не се обидувајте да ги правите совршени веѓите и да ги исцртувате со што ќе изгледате многу повештачки и нема да ви личи на годините.
М. М. | Црнобело