5 грешки кои ги прават жените со тенки усни
Не можат сите девојки да имаат полни и големи усни како Кајли Џенер или Анџелина Џоли. Но, ги нема ниту Хајди Клум, па што?
Полните усни, во совршена хармонија со остатокот од лицето, отсекогаш се сметале за едно од главните обележја на убавината.
Меѓутоа, тоа не значи дека мажите и жените кои не се особено надарени во тоа подрачје, не можат да бидат подеднакво прекрасни и атрактивно да изгледаат.
Поради рекламата за големите усни, кои последна во мода ги врати старлетата Кајли Џенер, дури и на жените што се надвор од естрадниот свет, сосема нормално им стана да одат на третмани за зголемување на усните.
А, сѐ поголем е и бројот на тинејџерки, кои покрај тортата, ги молат родителите да им подарат и нови усни за 18-тиот роденден.
Зафатите кај пластичниот хирург се добар избор за дамите на кои по малку вештачкиот изглед не им пречи.
Но, ако не ви паѓа ни на памет да ѝ дозволите на личноста во бел мантил да ви вбризгува инјекции во устата, тогаш поработете на самодовербата и послушајте ги нашите совети.
Ова се петте грешки кои најчесто ги прават жените со тенки усни:
1. Мислите дека со пополни усни би изгледале поубаво.
Зошто? Голема е веројатноста дека вашите усни идеално ви прилегаат на лицето. Гвинет Палтроу, Камерон Диаз, Кристен Стјуарт, Кирстен Данст, Џенифер Анистон, Деми Мур и Хајди Клум се само дел од убавиците кои немаат полни усни, а мажите едноставно ги обожаваат. Баш како и камерата!
2. Премногу време посветувате на нивно шминкање.
Можеби не сте слушнале за стариот стилски совет кој гласи: „Истакни го она што го обожаваш, прикриј го тоа што помалку ти се допаѓа.“. Наместо фокусирање на усните, научете се убаво да ги нашминкате очите и да ги истакнете образите.
3. Кога се шминкате, со моливчето го преминувате работ на усните.
Кајли Џенер ве излажа. Во времето кога уште не сакаше да признае дека ја „напумпала“ устата, говореше дека за нејзиниот изглед се заслужни моливчињата за усни, со кои исцртува линија надвор од рабовите. Меѓутоа, тоа не е вистина. Такво нешто ќе успеете да изведете само кога нанесувате црвен или бордо кармин, а ни тогаш немојте да претерувате. Измамата се забележува.
4. Ги избегнувате интензивните бои.
Во суштина, беж и светло розовите нијанси подобро им прилегаат на жените со пополни усни. За вас се како создадени кармините во месо боја, циклама, жарко црвената нијанса, па дури и виолетовата.
5. Се срамите од своите усни.
Не сакате многу да зборувате, за да не привлекувате внимание на своите усни? Вежбајте мимика на лицето пред огледало и наоружете се со широка насмевка кога и да почувствувате несигурност. Гарантирано ќе изгледате прекрасно!
М. А. | Црнобело