90 дена за да се навикнете на новиот изглед: 9 тајни од пластични хирурзи
Луѓето во денешно време се претерано опседнати со сликата која ја гледаат во огледалото. Козметичките процедури имаат извонреден раст од 115% од 2000-та година, а само околу 16 милиони процедури биле направени минатата година.
Зголемување на градите, подигање на задникот и филери за исполнување на недостатоци на лицето се само мал број од процедурите кои ја менуваат целосно формата на човечкото тело и изгледот.
Неколку „тајни“ од пластичните хирурзи кои веројатно не сте ги знаеле:
1. Тие ја гледаат убавината како математичка формула
Златниот сооднос е формула според која се создадени најпријатните изгледи во уметноста и природата. Во 1970 година еден пластичен хирург открил дека познатите убавици како Мерилин Монро или Софија Лорен го имаат соодносот на нивното лице и тие претставувале еден универзален стандард за убавина.
Тој ја визуелизирал формулата и во 1992 година измислена е маска која открива кој дел од лицето е асиметричен. Но, на многу пластични хирурзи воопшто не им треба оваа маска. Поради нивното големо искуство тие можат да ги согледат недостатоците само со еден поглед.
2. Тие прават ботокс забави
Ботоксот се користи со години за да ги парализира мускулите со инекции. Ова парализирање спречува мускулни контракции кои се причинители на брчките кои ги гледаме кога старееме.
Така, со тек на времето, ботокс инекциите станале толку популарни што група на пријатели закажувале заеднички термини кои ги нарекувале ботокс забави.
Најчести организатори на овие настани биле мажи кои имале одлично искуство кое сакале да го споделат со своите пријатели.
3. Тие навистина цртаат „мапи“ врз телото
Ако сте гледале документарни емиции или шоу за разубавување, веќе сигурно имате забележано како некој пластичен хирург зема црн маркер и црта врз голото тело на пациентот.
Со овие цртежи врз телото, хирурзите всушност сакаат да ги обележат местата кои може да се променат после некое време.
Не постојат посебни медицински маркери за обележување, најчесто се користат оние популарни маркери што ги има во речиси секоја канцеларија.
4. Не можат да направат да изгледате фотошопирано
Социјалните мрежи, посебно Инстаграм со многуте модели, им причинуваат многу главоболки на пластичните хирурзи. Тие велат дека многу луѓе доаѓаат со слика како да избираат тело од продавница.
Но, половина од Инстаграм моделите се фотошопирани што значи дека во реалност не може да постојат толку тенки половини или да го промените ваше лице да биде копија на друга личност.
5. Нема да го имате совршениот резултат кога ќе станете од оперативната маса
Ако сакате да постигнете перфекција во оперативната сала тоа е еднакво на катастрофа. Едно од првите работи кои пластичните хирурзи ги учат е дека ако нешто изгледа добро веднаш по операцијата, не значи дека ќе изгледа добро и по 6 месеци.
Тие намерно не покажуваат идеални резултати за да изгледате како што сакате и по 6 месеци. Имплантите во градите на пример, се ставаат повисоко отколку што пациентот сака, за да може со време да се спуштат и да дојдат на место.
Ако се направат перфектни за време на операција, може подоцна да паднат многу ниско, кога телото ќе заздрави.
6. Ви требаат 90 дена за да се навикнете на ново лице
Секако постои разлика помеѓу фејслифтинг и процедура што целосно го променува вашиот личен опис. При фејслифтинг процедура, луѓето лесно се навикнуваат на новиот изглед.
Но, кога имате нов нос, нова брада, вие станувате нова личност што ја немате видено претходно. На пациентите им треба околу 90 дена да се навикнат на новата слика која ја гледаат во огледало.
7. Тие можат да направат да изгледате помалку лути
Не сите козметички процедури се направени за да подмалување, некои луѓе едноставно сакаат да изгледаат посреќно. Многу пациенти кои прават ботокс, сакаат да ги променат деловите на лицето кои прават да изгледаат луто цело време.
8. Ќе ве натерат да престанете да пушите
Една универзална вистина во козметичката хирургија е дека никогаш не треба да се оперира пушач. Никотинот ги згрутчува крвните садови што го одложува процесот на заздравување и отвора простор за компликации.
Секој добар пластичен хирург ќе ве натера да престанете да пушите некое време пред операција. Многу од хирурзите бараат пациентите да потпишат договор кој им забранува да пушат 4 недели пред и 8 недели после опеација.
Потоа се прават никотински тестови, кои ако се позитивни, операцијата се откажува, а хирургот често ги задржува парите.
9. Работат со малолетници само поради една причина
Многу од пластичните хирурзи избираат да не оперираат малолетници дури и со согласување од родителот, но тоа не е случајот ако малолетник сака да направи операција на ушите.
Пластичните хирурзи велат дека ушите кои се многу истакнати можат да бидат голем психолошки багаж врз децата. Кога децата ќе наполнат 5 или 6 години, ушето е веќе доволно развиено и кога децата почнуваат со училиште, претрпуваат голема психолошка траума.
А. В. | Црнобело