Славни дами чии веѓи ги копираат најчесто жените
Покрај фризурата, веѓите исто така имаат моќ да го разубават целиот лик, давајќи му подобра дефиниција и форма. Каков облик на веѓи е најпопуларен помеѓу припадничките на понежниот пол?
Одговорот го даде естетскиот хирург Хулиан де Силва, кој ги идентификуваше осумте најчести oблици на веѓи, па ги рангираше според нивната популарност. Поточно, ја состави листатата на ѕвезди, чиишто веѓи жените најповеќе сакаат да ги ископираат. Списокот го направил врз основа на податоците од илјада клиентки, кои се подложиле на корекција на очите и веѓите.
Очекувано или не, веѓите на Анџелина Џоли се најпосакуваните. Нејзините се во облик на буквата „Ѕ“, кои помеѓу припадничките на понежниот пол важат за најженствени, истакнува хирургот.
Меѓу фаворитите се и тие на Ријана, кај кои постои поголемо растојаните помеѓу очите и веѓите, но и на супермоделот Жизел Бундшен, чии веѓи се обликувани во благ лак, а жените ги сметаат за елегантни и софистицирани.
На листата е и Бијонсе со нејзините високо „поткренати“ веѓи, густите и дебели веѓи на манекенката Кара Делeвињ, па совршено заокружените веѓи на Џенифер Анистон. Меѓу последните места се најдоа рамните веѓи на војвотката Кејт Мидлтон, како и актерката Шарлиз Терон, чии веѓи се природно тенки.
Од првата до последната, погледнете ја комплетната листа на ѕвезди, чиишто веѓи жените најмногу ги копираат:
Анџелина Џоли
Кејт Мос
Ријана
Жизел Бундшен
Бијонсе
Тејлор Свифт
Кара Делeвињ
Кира Најтли
Џенифер Анистон
Џулија Робертс
Натали Портман
Кејт Мидлтон
Шарлиз Терон
М. А. | Црнобело