Есенски трендови за фарбање на косата

Кога е во прашање грижата за вашата убавина, секогаш имаме како да ви помогнеме.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-01.jpg

Дали се работи за нега на лице, тело, или како во случајов - фризура, можете да најдете многу идеи.

Од темни бои, преку бакарни нијанси, па сѐ до руси и карамела боја прамени – изборот е голем доколку сакате да бидете во тренд оваа есен.

Одберете кој тренд најмногу ви одговара и направете стилска промена, а изгледот на славните дами ќе ви помогне во изборот:

Повторно во фокус црни нијанси

Оваа есен можете да одберете целосно црна коса која најдобро стои на кратка боб фризура, а доколку пак сакате нешто поразиграно и коса со средна должина, на црната боја додадете костенливи прамени кои ќе го дефинираат изгледот.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-02.jpg

Бронде техниката сѐ уште актуелна

Бронде техниката на сенчање на косата се појави по омбрето и стана голем хит помеѓу познатите дами, а очигледно е повторно во тренд.

Доколку не можете да се одлучите за бринета или блондинка, оваа техника е идеална за вас. Можете на темна основа да ставите посветли прамени или пак доколку сакате посветла варијанта, можете да се одлучите за златното бронде.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-03.jpg

Бакарни нијанси создадени за есен

Есента не може да помине без бакарните тонови кои одлично стојат и на дами со темен и со светол тен.

За оние похрабрите, кратката коса и темниот тен се одлична комбинација за бакарна боја, а секако, секогаш ви стои како опција и целосно фарбаната коса со сјај во боја на оган.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-04.jpg

Контраст на коренот и остатокот на косата

Ваквиот ефект може да се постигне со многу различни техники, но можете да го постигнете и на наједноставниот начин – пуштете ја косата да порасне без да го фарбате коренот.

Ќе добиете природен и атрактивен изглед, кој секако може да го зачините со уште една нијанса која фризерот ќе ви ја предложи.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-05.jpg

Прамени со боја на карамела

Прамените секогаш дополнително ја освежуваат фризурата и и даваат посебен сјај, а доколку имате темна коса и не сакате премногу да ја промените, најдобро е да направите прамени со боја на карамела.

Оваа фризура стои на рамна и на виткана коса, а ќе добиете совршен есенски изглед.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-06.jpg

Чоколадна нијанса

Коса целосно исфарбана во боја на чоколадо е секогаш вистински погодок со кој не може да погрешите. Чоколадната боја може да се освежи и со прамени во боја на цимет со што косата ќе добие посебен есенски сјај.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-07.jpg

Платинеста коса – без грешка

Овде не може многу да погрешите, а ако мислите дека русата коса веќе не е во мода, се лажете – секогаш била и ќе остане.

Целосно кратка коса или средна должина се идеални фризури за русите девојки оваа есен, но секако, изгледот е проверен и докажан и за оние со подолга коса.

esenski-trendovi-za-farbanje-na-kosata-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg