После омбре, бронде е новиот начин за боење на косата

Оваа техника на сенчaње на косата е слична на омбре фарбањето со таа разлика што вашата коса изгледа поприродно и прави да изгледате како штотуку да сте се вратиле од некој егзотичен остров.

posle-ombre-bronde-e-noviot-nacin-za-boenje-na-kosata-01.jpg

Бронде? Ниту русокоси, ниту бринети туку комбинација од двете. Звучи примамливо нели?

Новиот тренд во фарбањето на косата го започна актерката Блејк Лајвли која од неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија во која повеќе не е русокоса, туку нешто помеѓу.

Клучен момент за добивање на оваа боја на коса е во голема мера вашата природна боја на коса да се забележува, а потоа да започнете со нанесување на тоновите кои одговараат на вашите очи и тен.

Со нанесување на посветли нијанси на вашата природна коса ќе ги истакнете вашите црти на лицето и што е најважно не бара од вас многу одржување.

Оваа боја на коса стои идеално на сите жени и девојки и можете да ја комбинирате со било какви нијанси на кармин и сенки за очи.

Покрај Блејк Лајвли, овој тренд го пробаа и Кара Делевињ, Џенифер Лопез, Џесика Алба и многу други познати личности.

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg