Инстаграм vs. реалност: 9 најпопуларни „интервенции“ на фотките
Сите следиме по неколку убавици на Инстаграм чија кожа е секогаш мазна, целулитот не постои, а лицето без шминка е поубаво отколку нашминкано.
Не се лажете.
За среќа, од друга страна постојат блогерки и обични девојки кои решаваат да прикажат дека сите сме совршени со еден тон корекции.
Бикини моделот Карина Ирби објави пред и потоа фотка на која покажува дека и таа не е совршена и дека за фотките користи филтри за средување.
Insta Girl Edit е една од најчесто користените алатки за разубавување, па во продолжение погледнете кои се интервенциите кои таа ги направила:
1. Разубавување и измазнување на кожата по целото тело
2. Зголемување на задникот
3. Намалување на стомакот
4. Стеснување на рацете
5. Стеснување на бутовите
6. Истенчување на вратот
7. Отстранување на лузните и целулитот
8. Обликување на градите
9. Лифтинг на задникот
Што сè дотерувате вие пред да објавите фотка на Инстаграм?
М. Д. | Црнобело