На ноктите не им треба одмор: Митови во кои верувате заради салоните за убавина
Сосема нормално е дека ниту еден салон за маникир и педикир нема да ви каже дека на ноктите треба да одморат, па следниот месец подобро да не доаѓате.
Токму така, со желбата за што повеќе клиенти, настануваат митови за убавината кои се шират со брзина на светлината меѓу женската популација.
Време е конечно да откриете во колку од нив сте поверувале и вие:
Мит: Расцветаните краеви на косата може да се спасат
Голем дел од салоните ќе ви нудат решенија за расцветаната коса, но и самите знаете дека влакното кое се одвоило никогаш не може повторно да се залепи. Затоа, време е за потстрижување.
Мит: Косата ќе расте побрзо ако ја кратите еднаш месечно
Невистина, бидејќи во просек косата расте по 1 сантиметар на месец.
Мит: Ноктите не дишат
Честото користење на лакови, гелови и ацетон го оштетуваат површниот слој, па одвреме навреме неопходно е хранење со масла.
Мит: Скапата козметика е секогаш поефективна
Формулата на скапите и евтините производи е речиси иста. Освен ако немаат дополнителни масла или хранливи состојки, тогаш ги плаќате амбалажата и името на брендот.
Мит: Во зима и во лето неопходни ви се различни креми за нега
Всушност, и студот и топлината ја сушат кожата и треба да нанесувате богати креми околу 3 часа пред да излезете надвор.
Мит: Четките се подобри од обичните чешли
Чешлите со ретки запци многу помалку го оштетуваат влакното, додека четката предизвикува кубење и кршење на косата.
Мит: Ексклузивните третмани се секогаш поделотворни
Ако сакате да се релаксирате во СПА центар или да си направите масажа, во ред. Но, ако се обидувате да ги исфрлите сите токсини од телото, да го исчистите целулитот и да ја хидрирате кожата, ќе ви треба многу повеќе од 40-минутен третман.
М. Д. | Црнобело