Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин MARK и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist. Станува збор за два производи кои се дизајнирани според потребите и желбите на модерните жени чиј живот е сè подинамичен и бара козметички и декоративни решенија кои делуваат брзо и ефективно.

avon-so-noviot-tecen-karmin-mark-gi-sledi-potrebite-na-modernite-zeni-1.jpg

Најсилните страни на течниот кармин MARK  е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.

Течниот кармин Mark е достапен во мат и сјајна формула, а девојките имаат избор од 20 различни нијанси, по 10 од секоја формула. Една од најспецифичните иновации врзани за течниот кармин MARK е апликаторот во форма на дијамант со кој веднаш, дури и на краевите од усните, карминот се нанесува брзо и лесно. Формулата на течниот кармин е богата со пигмент што дава интензивна и долготрајна боја на вашите усни, а самите усни добиваат јасна дефиниција.

 

avon-so-noviot-tecen-karmin-mark-gi-sledi-potrebite-na-modernite-zeni-4.jpg

- MARK е колекција наменета за девојки и жени кои сакаат да експериментираат со бои и не се плашат да ги покажат своите предности. Со оглед на тоа дека денешниот живот станува побрз, на жените им се потребни решенија и производи кои се долготрајни и овозможуваат лесно нанесување. Токму тоа беше целта при креирањето на течните кармини Mark. Лесни се за аплицирање и траат со часови, а притоа и нема да се избришат при првиот пијалок или оброк – посочуваат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Ноќниот крем-третман Anew Infinite Reversalist по една недела користење значително ја потхранува кожата со формулата PHYTOL+ и ја подготвува за активна обнова во текот на втората недела, преку примена на втората формула со Super Retinol. Овој револуционерен концепт една година бил на клинички тестирања и унапредување на формулата за на крај да се добие идеалниот производ кој дава видливи резултати кои постојано напредуваат.

avon-so-noviot-tecen-karmin-mark-gi-sledi-potrebite-na-modernite-zeni-3.jpg

- Производот е составен од 2 ноќни кремови кои се употребуваат наизменично на секои 7 дена и со самото тоа помагаат кожата постојано да реагира на дејството на активните состојки. Докажано е дека овој пристап е многу поефективен отколку употребата само на ретинол. Нивото на колаген се зголемува, а резултатите се засилуваат по секој изминат месец па сè до една година, - велат од канцеларијата на Avon во Македонија.

avon-so-noviot-tecen-karmin-mark-gi-sledi-potrebite-na-modernite-zeni-2.jpg

Течните кармини Mark и ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist веќе се достапни и во Македонија преку претставничката мрежа на AVON и може да се нарачаат од новата Брошура 15 која е достапна за разгледување на www.avoncosmetics.com.mk

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg