3 бои на кармини кои треба да ги има секоја жена

Тешко е да се одолее на трендовите во козметичката индустрија, но без разлика што е „ин“ во актуелната сезона, постојат бои на кармини кои се вечна класика.

3-boi-na-karmini-koi-treba-da-gi-ima-sekoja-zhena-01.jpg

Нив треба да ги има секоја жена, во секоја сезона и секој дел од животот.

Прочитајте кои се 3-те бои на кармини задолжителни за сите жени:

Беж нијанса

„Nude“ или беж карминот со кремаста структура е одличен сојузник на секоја жена. Одберете нијанса која најмногу ви прилега на тенот и користете го овој кармин и за на работа, и за свечени настани.

Изгледот надополнете го со силно нагласени очи.

3-boi-na-karmini-koi-treba-da-gi-ima-sekoja-zhena-02.jpg

Нијанси на црвена

Црвената боја никогаш нема да излезе од мода, а нејзината моќ е толку голема, што инстантно ја зголемува самодовербата и ве прави попривлечни и помладолики. Светли или темни, корално црвени или бургунди, изборот е голем.

3-boi-na-karmini-koi-treba-da-gi-ima-sekoja-zhena-04.jpg

Розови тонови

Ако сакате поприроден изглед, нијансите на розовата боја се одличен избор за вас. Нежна пудра-розова боја за секој ден или или силна, впечатлива потемна розова за навечер, со овие нијанси никогаш нема да погрешите.

3-boi-na-karmini-koi-treba-da-gi-ima-sekoja-zhena-03.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg