Витамини и билки кои се корисни за вашата убавина и здравје
Ако имате проблем со опаѓање на косата, појава на седи влакна, оштетени нокти или едноставно ви е потребна енергија – време е да обрнете повеќе внимание на вашата исхрана.
Потребни ви се витамини кои ќе ви помогнат во грижата за убавината и здравјето.
Тие се од клучно значење, а изборот на вистинските ќе има позитивен резултат кој за кратко ќе го почувствувате и самите.
Затоа е важно да знаете кои намирници ви ја даваат потребната доза на витамини, но и да научите на кој начин телото ги апсорбира.
Ова се најзначајните витамини кои влијаат на убавината, но и ја зголемуваат енергијата, помнењето, како и имунолошкиот систем.
Погледнете во кои намирници ги има:
За кожа, коса и нокти
Вашето тело зборува многу за здравјето, па ако имате дефицит на некои витамини и минерали, косата нема да има оптимален сјај и волумен. Мултивитамините со активен Б комплекс се најдобра препорака. Витаминот Б го поттикнува растот на косата и нoктите, а и дава сјај на кожата.
Суплементи:
- Цинк – кога е во дефицит, косата ја губи бојата и станува седа
- Витамин Д – ги отвoра фоликулите за раст на косата
- Витамин Е – за сјај, волумен и раст
- Магнезиум – го зајакнува влакното
Билки кои треба да ги консумирате:
- Коприва, алое – содржат витамин Ц
- Босилек – поттикнува циркулација и го намалува кршењето на влакното
За зголемување на енергија
Енергијата треба да биде секогаш добро балансирана и никогаш не треба да биде доведена до минимално ниво. Погледнете кои билки и витамини се добри за одржување.
Суплементи:
- Активен витамин Б12,
- Фолна киселина,
- Коензим q10
Билки кои треба да ги консумирате:
- Корицепс
- Родиола
- Мака
Памтење
Ако сакате да имате подобра меморија, внесот на омега 3 масни киселини ќе ви помогни, исто како и следниве работи.
Суплементи:
- Витамин А
- Тирозин
- Карнитин
- Омега 3
Билки кои треба да ги консумирате:
- Гинко Билоба
- Готу Кола
- Брахми
Сон
Понекогаш неколку часа мирен сон се подобри од 8 часа превртување и мачење. Недостатокот на некои витамини и минерали може да влијае на прекинување на сонот заради што треба да ја подобрите исхраната.
Суплементи:
- Мелатонин
- Магнезиум
- Витамин Б3
- Витамин Д
- Триптофан
Билки кои треба да ги консумирате:
- Валериан
- Хмељ
- Ашваганда
- Магнолија
- Камилица
Исхрана и имунолошки систем
Исхраната не се однесува само на она што го ставаме во уста, туку и на тоа што го апсорбираме или елиминираме.
Суплементи:
- Витамини: Б, Б3, Б6, Ц, Е, А, Д
- Железо
- Цинк
Билки кои треба да ги консумирате:
- Кордицепс
- Глуварче
- Махуна
М. М. | Црнобело