Кој е парфемот од кој принцезата Дијана не се одвојувала?
За чудо, не се работи за популарен мирис на кој мирисаат половина од жените.
Принцезата Дијана беше една од најголемите модни икони на 20-тиот век, а повеќето правила за убавина до кои се придржувала ги применува секоја „обична“ жена.
Љубопитноста кон нејзините рутини за убавина го откри и нејзиниот омилен парфем од кој со години не се одвојувала.
Парфемот ѝ служел како завршен печат на изгледот и не излегувала од дома без него.
Нејзината некогашна шминкерка потврди дека Дијана го обожавала специфичниот мирис со топла нота, кој вклучува цвет од портокал, гарденија и праска.
Се работи за парфемот од познатиот француски бренд Hermes - 24 Faubourg.
Сепак, за денот на венчавката Дијана се одлучила за друг парфем.
За таа прилика нанела Quelques Fleurs од брендот Houbigant. Парфемот имал цветни ноти од јасмин, рози, јоргован и цвет од портокал.
М. Д. | Црнобело