Совршени и без филери: 3 правила за шминкање на жени со тенки усни
Во ерата на Кајли Џенер, како и останатите кралици со предимензионирани усни, тешко е да се прифати дека и тенките усни може да бидат подеднакво убави. Понекогаш, дури и поубави од полните, доколку подобро ви прилегаат на ликот.
Меѓу другите, горди сопственички на тенки усни се и манекенката Хајди Клум, војвотката Кејт Мидлтон, актерките Гвинет Палтроу, Кристен Стјуарт и Деми Мур...
Со помош на шминка, тенките усни може да се зголемат визуелно, но не очекувајте чуда, бидејќи ниту еден кармин за усни не може да ги замени колагенот и филерите, поради кои бројните славни девојки имаат сочни и нереално полни усни.
Доколку сакате да уживате во усните со кои сте се родиле, тогаш исфрлете ја нереалната слика од глава, а извежбајте ги трите основни трикови за шминкање на тенки усни:
1. Моливчето е најважно
На малите усни е важно да им се даде контура, па постојано бидете во потрага по нови нијанси на моливчиња, со кои ќе може да ја исполните и целата површина, наместо со кармин.
Со моливчето смее да кокетирате и со надворешната страна на работ од усните, но не претерувајте, бидејќи „оптичката илузија“ ќе биде јасно воочлива на дневна светлина.
2. Трик со две бои
Овој рецепт за „пополни усни“ го користеле и ѕвездите на стариот Холивуд.
На целата површина од усните нанесете една боја, а потоа средината од горната и долната усна премачкајте го со кармин кој е за неколку нијанси посветол.
3. Паметен избор на бои
Многу жени со тенки усни, мислат дека тие ќе изгледаат пополни со кармин во изразито светла боја, што не е вистина. Всушност, потребни ви се нијанси поради кои усните ќе ви бидат видливи, а не да исчезнат од лицето.
Тонот која е за нијанса потемен од природната нијанса на усните е идеален за преку ден, а може да си поиграте и со веселите нијанси, како циклама, портокалова, црвена и виолетова. Меѓутоа, избегнувајте го црниот или најтемниот црвен кармин, бидејќи усните ќе ви изгледаат како две цртички.
М. А. | Црнобело