Бои на лакови за нокти кои прават дланките да изгледаат постаро
Дланките се дел од телото кој ги покажува знаците на стареење уште на почетокот. Затоа е важно правилно да ги негуваме и да се грижиме за нивниот изглед.
Не постои жена што не се лакира и тоа со најразлични бои и нијанси на лак. Но, постојат бои на лакови кои прават дланките да изгледаат бледо или постаро, па затоа треба да ги избегнувате.
Темни бои
Темноцрвена, темновиолетова или црна боја не се добри идеи за лак. Како старееме, на дланките се појавуваат темни пеги кои темните нијанси на лак ги потенцираат.
Светлосина боја
Со стареењето, вените на рацете стануваат сè повидливи. Поради тоа, светлосината боја на лак за нокти уште повеќе ги потенцира вените и ги издава годините, па избегнувајте ја оваа нијанса.
Боја на кожа
Nude нијансите и неутралните бои кои се претопуваат со бојата на кожата се лош избор за лак за нокти. Ваквите нијанси привлекуваат внимание на рацете, па избегнувајте ги ако не сакате другите да гледаат во тој дел од телото.
Жолта боја
Лакирање на ноктите со жолта боја може да направи дланките да изгледаат бледи. Наместо жолта, одберете портокалова или розова нијанса.
Корално розова нијанса
Иако на прв поглед се чини дека коралните розови тонови се јаки и весели, кога ќе се нанесат на ноктите ја губат таа живост. Наместо тоа, одберете корално портокалова нијанса.
Сива боја
Исто како светлосината и темноцрвената, и сивата боја ги потенцира вените на рацете. Поради тоа, бирајте бои на лакови кои ќе го привлечат вниманието на ноктите, наместо на рацете.
М. В. | Црнобело