Козметички производи кои не смеат да се користат во исто време
Кога станува збор за козметички производи, за многумина важи правилото: колку повеќе, толку подобро. Но, џабе имате цел несесер полн со креми, пилинзи и парфеми ако не знаете правилно да ги користите.
Сите овие производи во својот состав имаат различни состојки. Некои од состојките, доколку дојдат во допир, можат да предизвикаат иритација или дамки на кожата.
Па, затоа треба да се знае кои производи за убавина не смеат да се користат заедно.
Пилинг и четка за чистење
Верувале или не, постои нешто што се вика претерано чистење на лицето. Бирајте само еден производ за чистење: или пилинг, или лосион за акни, или средство за длабинско чистење на порите. Во спротивно, повеќе ќе ја уништите кожата, отколку што ќе ја исчистите.
Крема за сончање и парфем
Мешање на парфем и крем за сончање може да предизвика пигментациски дамки на вратот бидејќи парфемот го ослабува дејството на кремот, па кожата на тие делови може да се иритира од сонцето. На плажа користете масла или спрејови без алкохол.
Крема за тело и крема за самопотемнување
Ако пред да нанесете крем за само-потемнување нанесете хидратантен крем за тело, кремот за тело може да го намали дејството на кремот за добивање тен и да се појават дамки или нерамномерен тен.
М. В. | Црнобело