Снаодлива Кинезинка открива: Како целосно да се нашминкате со храна? (видео)
Шминкањето со храна и не е новина на YouTube, но овој мејкап е на сосема поинакво ниво, па тешко е да поверувате што сè може да се нанесе како алтернатива за разубавување.
Ако некогаш ви се случи да заминете некаде, а притоа го заборавите комплетниот сет шминка, советите на оваа девојка дефинитивно ќе ви бидат од полза.
Младата кинеска влогерка, позната како Ms Yeah, ја сподели на YouTubе својата техника за „full-face makeup“, користејќи невообичаени продукти кои ги пронашла, ни помалку, ни повеќе, туку во кујната.
Храната ни е примамлива сегде, освен на лицето, но нејзината шминка е изненадувачки добра.
Иако не се држи исклучиво до храна за да го постигне целосниот ефект, навистина ја користи во импресивни количини.
А, можеби нејзиниот изглед нема да посакате да го „ископирате“, но прилично сме сигурни дека ќе ве импресионира со оригиналноста:
М. А. | Црнобело