Брза маска за лице што заменува цел СПА третман
Се будите наутро и прво што забележувате е дека кожата на лицето изгледа уморно, а имате и подочници? Се разбира дека во моментот немате време за целосен третман. Но, постои начин да победите во оваа ситуација.
Следнава маска за лице и подочници се прави многу едноставно и брзо, а заменува еден спа третман за кој ќе потрошите двојно повеќе време и пари.
Прочитајте како:
Земете го вашето омилено средство за хидратација на кожата на лицето и памучна крпа за лице. Крпата натопете ја со средството за хидратација и ставете ја на целата површина на лицето кое претходно сте го измиле.
Затворете ги очите и оставете да делува 10-15 минути. Трнете ја крпата, а она што вашето лице не успеало да го впие, нежно втријте го на лицето и вратот.
Истиот метод може да се примени и за подочници. Натопете две памукчиња со крем за хидратација кој содржи витамини, ставете ги под очите и оставете да делуваат 10-15 минути.
Темната кожа под очите ќе си ја врати еластичноста и свежината.
М. В. | Црнобело