Вселенски пунџи - најпосакуваната фризура за лето 2017
Ако постои фризура која ќе биде вистински хит тековното лето, тогаш тоа е токму таа. Ние не ѝ одолеавме, а нема да можете ниту вие.
Летото пристигна, а годишните одмори само што не започнале. Но, дури и да ви преостануваат месец или два до заслужениот одмор, сепак, без проблем може да си ја носите оваа фризура било каде и во секое време.
Со носталгичниот и ретро призвук на 90-тите, а младешкиот и опуштен тон што го внесуваат во сечиј изглед - „вселенските пунџи“ (англ. „space buns“) се прогласени за најпосакуваната фризура ова лето.
Фризурата која ја популаризираше принцезата Леa во „Војна на ѕвездите“, повторно се врати во светот на убавината, а добрата вест е дека не треба да бидете посебно вешти за да ја направите.
Доволно е само при врвот на главата да имате две уредни или помалку уредни пунџички, со плетенки или без нив, кои се толку слатки што баш никој нема да може да им одолее.
Ваквата фризура ќе биде посебно популарна на многубројните фестивали што ќе се случуваат ова лето, но не е резервирана исклучиво за нив. А, не ѝ одолеаа ниту мноштво познати дами.
Зарем не е преслатка?
М. А. | Црнобело