Топ 5 нови машки парфеми за ова лето
Парфемот е нешто што скоро секоја жена прво го забележува кај еден маж. Ако сé уште не сте го пронашле омилениот мирис, летово е вистинско време да го направите тоа.
Ви предлагаме пет нови машки парфеми кои ќе бидат хит оваа сезона.
John Varvatos Platinum Edition
Преовладуваат ноти на цитрус и лековити билки. Композицијата на мирисот е мошне мажествена.
Dior Savage Very Cool Spray
Инспириран од дивината, отворениот простор и морската шир. Со новиот мирис од Диор, тешко дека некој нема да ве забележи.
Michael Kors Extreme Night
Прв пат е претставен во пролет, 2017та и веќе е меѓу најпродаваните парфеми. Најавен е како мирис за модерни мажи.
Paco Rabanne Invictus Intense
Тешко дека некој парфем ќе ја достигне популарноста на најпознатиот мирис на Paco Rabanne, 1Million, но и Invictus Intense заслужува да се најде на листата на најдобри парфеми во светот.
David Beckham Made of Instinct
12 години откако го создаде Instinct, Дејвид Бекам го претстави својот нов парфем, Made of Instinct. Свеж и енергичен, овој парфем е одличен избор за млади мажи со стил.
М. В. | Црнобело