Оваа сезона имајте коса како грчка божица (фото)
Дури и големиот Карл Лагерфелд даде „амин“ во однос на фризурата која ќе ја одбележи летната сезона 2017 – коса стилизирана како на грчка божица.
Целосно или полусобрани нежни брановидни кадрици дополнети со блескав додаток за коса кој неодоливо потсетува на украсите кои ги носеле жените во времето на Античка Грција.
Најважно е косата да биде блескава, чиста и многу мека. Тоа значи дека треба да заборавите на сите прапарати за стилизирање како восок, пена, гел или лак за коса кои ја укрутуваат и ја прават косата безживотна.
Напротив, таа треба да блеска и да изгледа по малку разбушавено, со многу волумен и живост.
Оваа сезона задолжително направате си фризура како на грчка божица:
(O)Милена | Црнобело