8 фризури кои ѝ штетат на вашата коса
Убавата и добро негувана коса не само што претставува украс за секоја жена, туку ја зголемува и нејзината самодоверба.
Освен стресот, недостатокот на витамини и лошото време, влијание врз квалитетот на косата имаат и секојдневните фризури.
Дури и едноставно собраната коса може да има штетно влијание.
За да ја одржите вашата коса убава и здрава, избегнувајте ги следниве фризури:
1. Високо опавче
Високото опавче е една од главните причини за губење на косата. Силното затегнување предизвикува оштетување на структурата на косата и таа станува потенка.
2. Надградба на коса
На овој начин жените добиваат подолга и побујна коса, но притоа не размислуваат за последиците. Таквите експерименти често може да доведат до губење на косата и ќелавост.
3. Фризури на влажна коса
Влажната коса е послаба и покршлива од сувата. Затоа кога немате време да ја исушите косата, не ја врзувајте во пунџа или опавче, туку оставете ја пуштена и дозволете сама да се исуши.
4. Тапирана коса
Доколку сакате да добиете поголем волумен на косата, треба да знаете дека чешлањето на овој начин ја влече косата заедно со коренот.
5. Фризури за кои требаат многу препарати
Производите за коса во форма на лакови и гелови често содржат алкохол, што ја прави косата сува и кршлива. Со примена на овие средства значително се зголемува губењето на косата.
6. Плетенки
Плетенките исто така придонесуваат за губење на косата. Стегнатите плетенки не само што ја повлекуваат косата, туку доведуваат до оштетување на фоликулите.
7. Пеглање на косата
Многу жени кои имаат природно кадрава коса се обидуваат да ја исправат. Меѓутоа оваа постапка значително ја ослабува косата.
8. Мали плетенки
Дури и доколку го оставите поголемиот дел од косата слободен и заплетете само мали плетенки по страните, тоа нема да ја зачува вашата коса од паѓање. Делот од касата каде се наоѓаат плетенките сè уште ќе биде под опасност од паѓање.
М. С. | Црнобело