Црвен кармин, злато и дијаманти - Најскапо нашминканите усни во светот

Во Гинисовата книга на рекорди, деновиве беше забележан уште еден несекојдневен и спектакуларен подвиг. Станува збор за најскапата уметност на усни, која некогаш била создадена.

crven-karmin-zlato-i-dijamanti-ova-se-najskapo-nashminkanite-usni-vo-svetot-1.jpg

Светски познатата визажистка, Vlada Haggerty, во соработка со козметиката Smashbox, ги создаде најскапо нашминканите усни во светот.

Оваа уметница, која на јавноста ѝ е веќе позната со своите фантастични изработки, но и правните проблеми што ги има со Кајли Џенер, затоа што (наводно) ги копирала нејзините дела, вешто си поигра со најскапоцената шминка досега.

crven-karmin-zlato-i-dijamanti-ova-se-najskapo-nashminkanite-usni-vo-svetot-2.jpg

Поточно, во тандем со дизајнерката на накит Zoe Chicco, таа влезе во Гинисовата книга на рекорди, благодарение на највредната комбинација на кармин за усни со дијаманти од 6,5 карати.

crven-karmin-zlato-i-dijamanti-ova-se-najskapo-nashminkanite-usni-vo-svetot-3.jpg

Smashbox и Sephora се погрижија за кармините од линијата „Be Legendary Liquid Metal“ и „Be Legendary Liquid Pigment'', а дијамантите со кои се украсени усните ги отстапи споменатата дизајнерка на накит, Zoe Chicco.

Конечниот изглед резултираше во екстравагантен спој на црвен кармин, златни ливчиња и 80 дијаманти.

crven-karmin-zlato-i-dijamanti-ova-se-najskapo-nashminkanite-usni-vo-svetot-4.jpg

Вредноста на овој луксуз на усни изнесува неверојатни 26.500 долари.

Уметност или кич - кое е вашето мислење?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
За бакнежи со вкус на чоколадо - Направете сами домашен сјај за усни Ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите са...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg