Тренд на Инстаграм: Цветчиња на очите
Во потрага сте по креативна идеја за пролетна шминка? #flowereyeliner е новиот тренд кој ќе биде хит оваа сезона.
Пролетта е време кога љубиме да сме опкружени со цвеќе. Миризливите букети ги внесуваме во домовите, а шарените билки, пак, си ги поставуваме на балконите, терасите или во градината. Цветовите се добредојдени и како принт на облеката, чевлите и чантите во текот на сончевата сезона.
Оваа пролет, цветовите ќе царуваат и во светот на убавината. Шарените пролетни цветчиња како инспирација за шминкање на очите, прераснаа во вистински хит кој се шири на социјалната мрежа Инстаграм. Доколку сакате смела шминка, тогаш наместо класичната црна линија со туш за очи, сега може да бидете „ин“ и да си насликате цветови на очните капаци.
Комплициран и прекрасен е најдобриот опис на овој необичен начин на нанесување на шминката. Интензивни бои, пастелни нијанси, комбинирање на неспоивите тонови - изборот е на вас. Се нанесуваат со палета на четкички и кремасти сенки во различни бои. Затоа што пролетната шминка треба да биде светла и свежа, а дамите на Инстаграм го обожуваат овој тренд.
Под хаштагот #flowereyeliner, на популарната социјална мрежа може да пронајдете безброј примери за очи со цветна нота. Во нашата галерија, пак, ви ги издвојуваме најинтересните предлози.
Погледнете и испробајте некои од нив!
М. А. | Црнобело