Што е „sandbagging“ и зошто тоа ќе стане и ваша омилена техника на шминкање?
„Sandbagging“ претставува најновиот интернет тренд кога станува збор за шминкање. Иако тој всушност и не е толку многу нов.
Уште во 2015-та, шминкерот на Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ, претстави туторијал каде го објаснува процесот.
Во суштина станува збор за процес на обезмастување на лицето.
Сè што треба да направите е со сунѓер да нанесете светла пудра во прав, особено во пределот под очите и на долниот дел од усните. Почекајте неколку минути за да се апсорбираат маслата од кожата и третираните области ќе останат ултра мазни во текот на целиот ден.
Овој процес исто така гарантира дека сенката и карминот нема да се разлеат.
Што се однесува до името на техниката (за кое некои тврдат дека го дал лично Дедивановиќ), станува збор за вреќи со песок кои се користат за да се спречат поплави.
„Она што ние се обидуваме да го направиме е создавање на брана“, објаснува блогерот Вејн Гос, автор на чекор по чекор упатствата за „Sandbagging“.
Па зошто да не се обидете и вие?
М. С. | Црнобело