Како да ги пополните усните без инјекции и филери?
Со текот на годините усните го губат волуменот и убавите контури. Но, во време кога полните усни се ин, измислени се многу техники кои го враќаат волуменот.
Не зборуваме за скапи козметички процедури, болни инјекции или филери.
Се работи за едноставен метод кој го препорачува Marie Claire магазинот.
Вреди да пробате и да утврдите дали има ефекти, бидејќи е потполно природен и лесен:
Што треба да правите?
Ставете ги показалецот и средниот прст под долната усна, релаксирајте ги мускулите и чувствувајте ја топлината која се пренесува.
Започнете масажа така што ќе ги спојувате и одвојувате прстите, како на сликата.
Направете го истото и над горните усни.
Повлекувајте линии хоризонтално.
Повторно завршете ја вежбата со долната усна.
Секојдневното масирање на усните ќе ви помогне да ги стегнете опуштените мускули и да го подобрите изгледот.
М. Д. | Црнобело