5 знаци дека цело време погрешно ја миете косата
А, мислите дека баш сè правите како што треба.
Можеби ви се чини дека не е потребна некоја голема филозофија за миење на косата, ама веројатно (баш како и повеќето други луѓе) упорно грешите и потполно несвесно ја уништувате.
Но, не драматизирајте. На својата коса може да ѝ го вратите стариот сјај и здравиот изглед, со едноставно избегнување на овие потези:
1. Се држите до правилото „што повеќе – тоа подобро“
Ако мислевте дека користењето што поголема количина на шампон или регенератор е одлична идеја, се лажете. Вака само непотребно ја сушите косата, правејќи ѝ мошне лоша услуга.
2. Користите шампон за косата да ви биде помека
Можеби на шампонот навистина пишува дека вашата коса ќе биде неверојатно мека и мазна, но тоа е само краткотраен ефект. Брзо потоа, косата ќе стане сува и кршлива, а вие нема да ја знаете причината. Многу подобра опција е да користите шампон кој самите ќе го направите, а за што постојат бројни „направи сам“ туторијали на интернет.
3. Обожавате жешка вода
Омилен дел од капењето ви е поглед на пареата која ја исполнила бањата, од подот до плафонот? Одлично, но тоа на вашата коса веројатно и не ѝ се допаѓа баш најмногу. Жешката вода ја суши косата, па сте чекор поблизу до оштетени влакна.
4. Избегнувате студена вода
Една од најголемите грешки! Откако ќе завршите со капењето, исклучете ја водата и почекајте отприлика една минута. После тоа, пуштете студена вода (не мора да биде ледена) и измијте ја косата. Разликата во изгледот ќе ја забележите набрзо!
5. Косата ја сушите со пешкир
Грубото трлање со крпата ќе предизвика пукање на влакната, а тоа сигурно не сакате да се случи...
М. А. | Црнобело