9 совети за убавина во кои не треба да верувате по секоја цена

Козметичките компании често ги користат рекламите не само како начин на промоција, туку како начин на создавање верувања кои безусловно ги прифаќаме.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-03 copy

Во многу ситуации се покажало дека слепо веруваме во ваквите тврдења и воопшто не сме размислиле дали тие се само уште еден маркетиншки трик кој им носи поголем профит на компаниите.

Токму затоа сè почесто луѓето низ светот ги тестираат ваквите тврдења, а резултатите се навистина интересни.

Ние ги тестиравме следните 9 трикови и ова се резултатите:

1. Влакната стануваат подебели и поцврсти доколку ги бричите

Мит. Бричот воопшто не влијае на дебелината, цврстината или брзината на растење на влакната. После бричењето влакната ни изгледаат поцврсти заради нивните остри врвови. Колку подолги растат, толку ќе стануваат помеки.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-02

2. Чоколадото води до појава на акни

Мит. Но, само делумно. Секој производ кој содржи шеќери, вклучувајќи го и чоколадото, предизвикува нагло зголемување на шеќерот во крвта, кој дејствува врз лојните жлезди, поттикнувајќи ги да лачат повеќе себум.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-03

3. Краставицата помага во ослободувањето од потечените очи

Вистина. Благодарение на содржината на витамините А и Е, маските од краставица го намалуваат отекувањето и помагаат во регенерацијата на клетките.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-04

4. Шампонот треба да се менува често, бидејќи косата се навикува на него и тој веќе не е функционален

Мит. Шампонот има само една функција: да го чисти скалпот и косата од нечистотии. Сè друго е маркетиншки трик. Затоа доколку сте задоволни од вашиот шампон нема потреба да го менувате.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-05

5. Пастата за заби помага да се ослободите од мозолчињата

Мит. Помеѓу другите работи, пастата за заби содржи ментол, кој доколку дојде во контакт со отворена рана може само да ја влоши ситуацијата. Таа навистина помага да се исуши мозолчето, но на тој начин не сте го решиле проблемот.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-6.jpg

6. Кожата ви е убаво исчистена ако кога ја допрете е затегната

Мит. Чувството на затегнатост на кожата не гарантира дека таа е совршено исчистена. Чувството на затегнатост, единствено покажува дека сте избрале погрешно средство за чистење или дека премногу често го миете лицето.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-07

7. Не го чувствуваме нашиот парфем

Вистина. По извесно време од нанесувањето на парфемот, престануваме да го чувствуваме неговиот мирис. Тоа е така бидејќи нашите рецептори се навикуваат на мирисот и престануваат да го регистрираат. Затоа не претерувајте со парфемот, нанесете малку зад ушите, на вратот, лактите и зглобовите.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-08

8. Ако веќе сте малку потемнети не можете да изгорите

Мит. Всушност вистината е спротивна, клетките веќе уништени од УВ зраците, имаат помалку пигмент, што ги прави многу почувствителни на ново зрачење.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-09

9. Не нанесувајте масло на масна кожа

Мит. Масната кожа има поголема потреба од навлажнување од другите видови кожа. Заради постојаното сушење телото создава прекумерна количина на масти со цел да ја навлажни.

9-soveti-za-griza-za-sebesi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-po-sekoja-cena-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg