5 грешки кои ги правите при фенирањето на косата
За совршено сушење на косата, најдобро е да ја познавате текстурата на сопствената коса, а потоа доаѓа на ред и правилното нанесување на производите за нега на косата.
Комбинацијата на овие два фактори ќе направи фризурата да ви изгледа убаво, а косата да ви биде здрава.
Еве што треба да имате на ум:
1. Прерано ја сушите косата
Многу жени почнуваат со фенирање одма штом ќе завршат со миење на косата, ама важно е пред тоа, малку да оставите косата да се исцеди од вишокот вода. Прво добро исцедете ја косата со раце, а потоа замотајте ја во пешкир за да го впие вишокот вода.
2. Почнувате одзади
Секогаш фенирајте ја косата од напред, а потоа полека преминете кон позади. Така лесно и рамномерно ќе ја исфенирате косата и нема да ви биде многу бушава.
3. Погрешно ги нанесувате производите за нега на косата
Регенераторот, балзамите и маските не ги распоредувате рамномерно однапред и одназад, а претерувате во пределот на тилот и коренот на косата. Овие средства треба да ги нанесувате по малку и да бидат концентрирани на крајот од косата.
4. Користите фен со лош квалитет
За добар резултат, потребен ви е и квалитетен фен. Инвестирајте во модел кој ќе биде поквалитетен, ќе трае подолго, ќе има поголема сила и нема бргу да се прегрева.
5. Косата ја стилизирате со погрешна четка
Ако сакате повеќе волумен избегнувајте да користите поголеми четки. Одбирајте помали. За исправување, одбирајте кружни густи четки и внимавајте со колкав притисок ја фенирате косата.
Н. Г. | Црнобело