Дали домашните пасти за заби со активен јаглен се сигурни за употреба?

Активниот јаглен се јавува како главна состојка во познатата црна маска која гарантира вадење на црнки и намалување на порите.

Dali-domasnite-pasti-so-aktiven-jaglen-se-sigurni-za-upotreba-01.jpg

Сега истата е повторно актуелна, овојпат како дел од домашна паста за заби, каде што покрај активен јаглен се става и сода бикарбона, кокосово масло, малку лимон и сол.

Прашањето е  - колку активниот јаглен е сигурен за употреба кога се работи за деликатната нега на забите?

Пастата за заби која во својот состав содржи активен јаглен (кој воедно е дел од античките медицински техники) се врзува со сé на коешто ќе „налета“ кај забите – дамки, забен камен, бактерии и вируси. Вашите заби ќе бидат забележително побели после четкањето.

Но, еве го делот кој е особено интересен – јагленот попатно може да се врзе и со бактериите кои му се потребни на организмот, како на пример оние за дигестија на храната, и истите едноставно да ги исфрли низ телото.

Особено голем ризик е користењето на неактивен јаглен, односно погрешен тип на јаглен. Затоа, доколку се решите за ваков тип на белење заби, одберете пасти од проверени и квалитетни производители каде точно е наведен каков тип на јаглен користат или испробајте исклучиво активен јаглен.

Редовно одете на стоматолошки проверки и четкајте ги забите после секоја шолја црно кафе и црвено вино за побели заби.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
„Ботокс“ маска од две состојки е хит на ТикТок – Колку е ефикасна? (видео) Таканаречената ботокс маска се прави од две состојки – ленено семе и вода – и иа...
Алтернативи за сув шампон кои ќе ве „спасат“ во последен момент Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg