3-те едноставни правила за совршен тен на кралицата Летиција

Шпанската кралица Летиција важи за една од најубавите и најнегуваните претставнички на кралските семејства во светски рамки. Нејзините модни избори се секогаш неприкосновени, па не е чудо што покрај шпанската титула, често ја нарекуваат и кралица на модата.

3-ednostavni-pravila-za-sovrshen-ten-na-kralicata-leticija-1.jpg

Оваа преубава дама и мајка на две деца е длабоко навлезена во 45-тата година од животот, но на нејзиното лице и тело не се видливи знаците на стареење.

Како се негува? Постои ли магична состојка која ѝ помага да има толку блескав тен и совршена кожа?

Тајната е во трите правила кон кои шпанската кралица редовно се придржува.

3-ednostavni-pravila-za-sovrshen-ten-na-kralicata-leticija-2.jpg

Миење на лицето со сапун

Иако многу дерматолози не би се сложиле дека обичниот сапун е најдоброто решение кога е негата на кожа во прашање, сепак Летиција смета поинаку. Секое утро го плакне лицето со млака вода, а насобраните нечистотии во текот на ноќта ги измива со обичен бебешки сапун кој има неутрална pH вредност.

Фацијална гимнастика

Масажата и вежбите за лице ѝ помагаат на кожата да остане еластична подолго време, а тоа е најважно за да се запре процесот на стареење. Издвојте десетина минути за овие вежби секое утро - препорачува шпанската кралица.

Умерена шминка

Познато е дека прекумерната употреба на шминка ѝ штети на кожата, ги затвора порите, а со самото тоа и доведува до создавање на акни. Наместо пудра, користете лесни тонирани креми кои совршено ги прикриваат недостатоците на тенот. Тоа го прави и кралицата Летиција.

3-ednostavni-pravila-za-sovrshen-ten-na-kralicata-leticija-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg