Грешки во шминката кои мажите веднаш ги забележуваат
Ако мислевте дека мажите не забележуваат како сте се нашминкале само затоа што не коментираат, тогаш воопшто не сте во право.
Можеби нема да забележат некоја помала ситница, но факт е дека често забележуваат многу повеќе од она што си мислите.
За да не оставите лош впечаток, внимавајте на следните грешки при нанесувањето на шминката:
1. Несоодветна пудра
Пудра со нијанса која не одговара на тенот, пудра која изгледа како да сте го „зацементирале“ лицето, пудра која не е добро нанесена на лицето… Сите овие нешта речиси секој маж без сомнение ќе ги забележи. Па затоа кога се шминкате, имајте на ум дека природниот изглед е нешто кое најмногу им се допаѓа на мажите.
2. Грутки од маскара на трепките
Мажите сметаат дека густите и долги трепки се секси, но не и вештачките кои се премногу долги и нагласени или имаат грутки на нив. Исто така, веднаш ќе ја забележат и размачканата маскара од очите, па затоа изберете некоја квалитетна маскара која нема да се размачкува.
3. Премногу сјај за усни
Мажите се грозат од женски усни кои се премногу сјајни и лепливи заради огромната количина сјај на нив. Ако сте претерале со сјајот, воопшто не очекувајте дека тој ќе се обиде да ве бакне.
4. Сенка за очи која премногу светка
Светкавата сенка е соодветна за младите девојки, но не и за жените кои сакаат да остават доза на сериозност. Затоа, оставете ги светкавите сенки настрана и заменете ги со матирани, кои се многу посмирени и посоодветни.
5. Нееднакви линии од туш
Решението е едноставно: не повлекувајте премногу долга линија, бидејќи на тој начин нееднаквоста нема да биде толку забележлива. На крајот на краиштата, секоја девојка сака да изгледа убаво, а не смешно, нели?
6. Претерување со руменилото
Руменилото служи за истакнување на образите, но во никој случај вашето лице не смее да заличи на кловн на кој се забележуваат два розови или бронзени кругови. Внимателно изберете нијанса која одговара на вашиот тен и нанесете количина која е доволна да ги истакне, а не пренагласи образите.
7. Пренагласени веѓи
Внимавајте што правите со моливчето за веѓи, за да не изгледате како некој лош портрет на уметник кој смета дека поседува неверојатен талент, а всушност воопшто не е во право.
М. С. | Црнобело