10 трикови како косата да остане средена откако ќе ја извадите капата
Жално е како половина од жените цело утро го губат на средување на косата и немирните влакна, за потоа да се помират дека мораат да носат капа и кога ќе ја извадат целиот труд ќе биде залуден.
За среќа, постојат неколку начини и трикови како да ја сочувате косата средена.
Време е да ги откриете:
1. Не користете лак за коса
Многу луѓе веруваат дека лакот за коса помага при електрицитетот, но она што ви го нарушува е обликот и формата на косата. Кога ќе ја извадите капата таа може да остане залепена како што била под неа.
2. Секогаш и секаде носете сув шампон
Нанесете го на корените, расчешлајте, протресете ја косата и имате коса без електрицитет или лоша форма.
3. Не ставајте капа на мокра коса
4. За брановидна коса, направете ниска пунџа
Откако ќе ја извадите капата, извадете ги и шнолите - добивате совршени бранови.
5. Ставете ја капата малку наназад
Ова посебно важи ако имате шишки. На тој начин предниот дел нема да биде залепен за челото, туку ќе го сочува волуменот.
6. Природно средство против електрицитет - масло од роза
Ставете една капка на рацете и размачкајте по површината на косата.
7. Носете капи од природни материјали
8. Масирајте го темето за да се врати волуменот на влакната
9. Сплетете плетенка, наместо да ги оставите влакната да се распоредат како сакаат.
10. Најдете алтернатива - марама, ластици, беретка
Ако капата едноставно ви ја уништува фризурата и косата, пробајте нешто друго од набројаното.
М. Д. | Црнобело