Маска за фарбана коса со која ќе ѝ го вратите сјајот
Најразличните видови третмани прават косата да стане тенка и кршлива, а често тука е и зголеменото опаѓање кое го усложнува проблемот.
Скапите маски за обнова на косата често се случува да не ги дадат ветените резултати, па затоа ние ви нудиме евтина домашна маска со која вашата коса ќе стане повторно цврста.
Основната состојка на маската е квасецот и истата се користи 2 пати неделно. За да добиете резултати користете ја редовно најмалку 2 месеци.
Маската одговара на сите типови на коса и е незаменлива во борбата против опаѓањето и зајакнувањето на косата.
Состојки:
- 1 лажица топло млеко
- 1 лажица мед
- 7 g сув или 20 g свеж квасец
Начин на подготовка
Во 1 лажица топло млеко растворете 1 лажица мед, па додадете го квасецот. Промешајте и оставете го садот на топло за квасецот да ферментира 15-20 минути.
Добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса. Потоа косата замотајте ја со кеса и крпа. Оставете маската да делува 1 час (или 2, колку подолго толку подобро) и потоа исплакнете ја косата со топла вода.
Квасецот ја зголемува количината на витамини, протеини и минерали неопходни за раст и обнова на косата, така што хранливите материи навлегуваат во фоликулите на влакното и целосно го обновуваат.
М. С. | Црнобело