Зошто и покрај сета нега и лабела, усните ни се испукани?
Времето е суво и ладно, но вие се грижите за усните на секој можен начин. Направивте пилинг и постојано нанесувате лабело за да ја одржите нивната хидратација и да ги заштитите од пукање.
Сепак, усните продолжуваат да се лупат и изгледаат непривлечно, а секое вкусување на сол или лимон ви предизвикува пецкање и болка.
Во што е проблемот?
Можеби ќе ви биде тешко да поверувате, но констаното пукање на усните го предизвикува вашата паста за заби.
Доколку имате усни кои се постојано испукани, иритација во устата или чувствувате некој вид на пецкање, тогаш многу веројатно вашата паста за заби е причината поради овие непријатности.
Имено, една од главните состојки во забните пасти, натриум лаурил сулфат (SLS) создава пена и го поправа вкусот на пастата, но истиот може да предизвика силно наздразнување, па дури и акни на устата.
Затоа, најдобро е да се префрлите на паста за чувствителни заби која не ја содржи SLS состојката и со која ќе решите два проблеми одеднаш.
(O)Милена | Црнобело