Во мода е коса со боја на розов цитрон
Сиво-розовата нијанса на косата како и бакарно црвената можеби доминираа минатата година, но време е за нов тренд кој ги освои апсолутно сите кои се грижат за најубавиот женски украс.
Нијансата наречена „Blorange“ вклучува мешање на црвена нијанса во иста боја како крвта и портокалова, а резултатот наликува на зајдисонце врз вашите прамени.
Оваа нијанса е одлично продолжение на минатогодишниот „Rosé“ тренд, со поголемо акцентирање на црвените тонови за поинтензивен изглед, кој одлично им прилега како на оние со побледа, така и на жените со исончана кожа.
Па доколку се чувствувате храбро и имате желба за поголема промена, побарајте мешавина на бои од црвена и портокалова и уживајте во новата нијанса на розов цитрон:
(О)Милена | Црнобело