Фото експеримент: Како изгледа косата ако една недела не ја миете со шампон?
Дали сте од оние луѓе кои мораат буквално секој ден да ја мијат својата коса, бидејќи веднаш после миењето започнува да ви се мрси, а наредниот ден ви изгледа како воопшто да не сте ја измиле?
Ако сте дел од тие луѓе, веројатно не сакате ни да помислите на тоа да не ја миете косата, на пример, само еднаш неделно.
Една храбра девојка решила да направи експеримент и да проба како ќе ѝ изгледа косата ако не ја мие цела една недела.
Да провериме, што заклучува?
Прв ден:
„Денес се разбудив и бев свесна дека ова ќе ми биде последниот ден со шампон, цела недела. За да се подготвам за претходните денови искористив шампон кој ќе ја исчисти целата мрснотија од мојата коса. Испланирав да изгледам поразбушавено, природно.“
Втор ден:
„Ова е денот кога вообичаено повторно ја мијам косата, но сега, наместо да употребам шампон само ја измив со вода и ја фенирав. Немаше никакви проблеми.“
Трет ден:
„Причината поради која толку често ја мијам косата е затоа што коренот природно многу ми се мрси. Затоа решив да ја фатам само дел во пунџа. Не изгледа лошо.“
Четврт ден:
„Мислам дека конечно сфатив која е тајната - не употребувајте никакви производи.“
Петти ден:
„Можам да кажам дека мојата коса сè уште изгледа одлично. Како воопшто да не се мрси. И понатаму ја фенирам, ама не користам никакви производи.“
Шести ден:
„Денес имав закажано фризура и шишање, морав да ја предупредам мојата фризерка да не употреби никакви производи, за среќа се согласи.“
Семи ден:
„Денес ќе можам да ја измијам косата, но можам да кажам и вака не изгледа лошо. Не изгледа премногу мрсна.“
Н. Г. | Црнобело