3 лесни фризури кои може да ги пробате за следната забава
Исто како и светкавите фустани кои се модерни за празничните забави, така и косата заслужува посебно внимание.
Овие неколку фризури се гламурозни но и опуштени истовремено.
1. Исфенирана коса како за на црвен тепих
Исфенираната коса со волумен е опуштен начин да се префрлите од дневниот стил на вечерниот секси изглед.
Чекор 1: На мокра коса ставете пена за волумен на косата и потоа расчешлајте за да се нанесе рамномерно.
Чекор 2: Создадете дополнително волумен со тоа што косата ќе ја сушите со главата свртена надолу. Потоа исправете ја главата и сушете од една на друга страна се додека косата не ви е скоро сува.
Чекор 3: Со кружна четка поминете ја косата на темето и малку на врвовите.
2. Холивудски бранови
Чекор 1: Поделете ја косата во 3 делови и завртете ја со прстите и на тој начин сушете додека косата не е скоро сува.
Чекор 2: Со подебело фигаро почнете да ја виткате косата од висина на ушите.
Чекор 3: За крај ставете лак за коса и полека поминете со четката за коса за да се опуштат брановите.
3. Нежна пунџа
Чекор 1: Поделете ја мократа коса на два дела и со предните прамени до лицето направете две плетенки. Исушете ги плетенките а потоа и остатокот од косата.
Чекор 2: Соберете го пуштениот дел во стегнато коњско опавче.
Чекор 3: Пуштете ги плетенките и нив соберете ги во опавче кое ќе го зацврстите веднаш над првото. Потоа почнете да ги мотате двете опавчиња и на краевите зацврстете ги со мало ластиче. Замотајте ја косата во пунџа и зацврстете со шноли.
М. Д. | Црнобело