Како навистина изгледа кожата кога ќе изгубите многу килограми? (фото)
Симон Андерсон Претчер со полуголи фотографии на Фејсбук покажува како телото навистина изгледа по губењето на голем број килограми, посебно што станува со кожата.
24-годишната девојка за 11 месеци изгубила неверојатни 86 килограми. Поточно од првобитните 169 килограми, таа сега има 83 килограми.
Успеала да ја достигне својата цел, но останала со вишок на кожа од која решила да се ослободи со операција.
„Отстранувањето на кожата е нешто што не може да се среди без хируршки зафат. Ниту една диета или вежби нема да и помогнат да се ослободи од вишокот кожа“ – изјавил докторот кој ја оперирал.
„Решив засекогаш да ги променам моите нездрави навики во исхраната. Секогаш го употребував изговорот дека сум презафатена за да се концентрирам на вежбање и здрава исхрана, но бев само мрзелива“ – така ја започнува приказната.
Оттогаш па навака, Симон ги променила своите животни навики и целиот процес на слабеење го прикажува на Фејсбук.
Сепак, голем број на нејзини следбеници не биле уверени во тоа дека таа ги губела килограмите, па решила да објави фотографија на која го покажува вишокот на кожа од која се срамела.
Сега, по операцијата таа е самоуверена и среќна.