Мали трикови со чија помош подолго ќе го задржите бронзениот тен
Ова лето имаше доста топли и сончеви денови, па веројатно и вие успеавте да фатите бронзен сјај. Ако сакате тој да потрае малку подолго, пробајте ги овие трикови и совети.
1. Кокосово масло
Покрај тоа што мирисот асоцира на лето, кокосовото масло има разладувачки ефект, богато е со витамини Е и К и ја врата еластичноста на кожата. Затоа што е моќен антиоксиданс, го забавува и процесот на стареење. Се препорачува да го консумирате секојдневно, во количина од 2 до 4 лажици. Може да го пиете или да го мачкате.
2. Ѓумбир
По само неколку недели консумирање ѓумбир, кожата ќе ви биде помалку оштетена и поздрава. Исто така ги пегла брчките и неговото смирувачко дејство е погодно за сите типови кожа.
3. Црвено овошје и зеленчук
Црвените јаболка, морковите и шумските овошки се богати со каротеноиди кои покрај меланинот се задолжени за темнеење на кожата. Морковот ќе ви осигура убава боја и свиленкаста кожа. Јаболката и шумското овошје го поттикнува произведувањето на витамин Ц кој е важен во производството на колаген, додека доматите се богати со ликопен - заштитник од УВ зраците.
4. Семки
Богати со омега 3 масни киселини, витамини и минерали, семките од лен, сончоглед и чиа успешно го забавуваат процесот на стареење.
5. Многу вода
За да ја сочувате еластичноста и влажноста на кожата, ова е најважниот совет. Спротивно на него, избегнувајте алкохол кој ја суши кожата.