20 правила за убавина од кои вистинската жена никогаш не се откажува
Сигурни сме дека ја знаете дефиницијата за вистинска жена - тоа се оние кои во 6 наутро изгледаат совршено средено, на кои косата не им е масна, а ноктите секогаш беспрекорни. Плус, насмевката им е верен аксесоар.
Грациозно се држат на штикли од 12 сантиметри, па дури и на излет изгледаат како да се во луксузен хотел.
Речиси е магично колку овие жени се посветени сами на себе и токму во тоа е нивната тајна.
Ова се нивните 20 заповеди и правила:
1. Тие спијат по 8 часа и не прават компромиси на оваа тема.
2. Утрото го почнуваат со појадок богат со хранливи материи и антиоксиданси.
3. Редовно користат хранливи креми за тело и не им е напорно да си посветат 10 минути плус по туширањето.
4. Не се сончаат претерано, размислуваат за долгорочното здравје на кожата.
5. Ако мораат да бираат, попрво ќе одберат ситници кои ќе им ја негуваат кожата, отколку евтина пудра која ќе ги сокрие недостатоците.
6. Ако сами не знаат добро да ги искубат веѓите, ја препуштаат работата на стручни лица. Никогаш не си играат со пинцетата.
7. Одат на масажи затоа што знаат колку е важно да се ослободат од стресот.
8. Не се лажат со убави амбалажи, туку ги читаат состојките.
9. Им посветуваат време и на деталите - нега на усните, делот околу очите и на стапалата. Знаат дека тие се подеднакво важни како косата и лицето.
10. Користат хранливи маски еднаш неделно кои не мора да се скапи, туку направени свежи, од фрижидер.
11. Знаат да ја прилагодат шминката за пригодата. И знаат дека вештачките трепки не се за во теретана.
12. Сепак, кога и да ги видите на трчање или во базен се „совршени.“
13. Највкусен пијалак им е водата и ја пијат во литри.
14. Знаат да се исфенираат и испеглаат за 10 минути.
15. Косата не им е оштетена, благодарение на редовните маски и третмани кои ги прават дома без да дадат цело богатство.
16. Во чантата секогаш имаат мал козметички салон - огледалце, мини парфем, црвен кармин, лабело и крема за раце.
17. Имаат парфем по кој се препознатливи.
18. Никогаш, ама баш никогаш не спијат со шминка.
19. Никогаш не нанесуваат црвен кармин или ајлајнер кога се брзаат. Знаат дека подобро е да имаш помалку, отколку да имаш криви мачкини очи и кармин на забите.
20. Барем еднаш месечно домот го претвораат во СПА центар.