4 причини поради кои не можете да се ослободите од подочниците
Доволно спиете, немате никакви алергиски реакции и единственото објаснување кое можете да си го дадете за вашите темни подочници се гените, но тоа не мора да значи дека е така.
Подочниците неретко се одраз на лошата состојба на организмот, но понекогаш се случува дури и кога сте здрави да имате проблеми со нив, односно да ви се појавуваат дури и тогаш кога сте комплетно здрави.
Еве зошто:
1. Претерувате со употребата на креми
Ретинолот, салицилната киселина и гликолната киселина кои се наоѓаат во поголемиот дел на креми за подмладување се прилично ефикасни состојки кои може да го подобрат тонусот на кожата, но нивната честа употреба може да доведе до појава на блага отеченост во пределот под очите.
2. Недоволно ги миете косата и лицето
Најчести причини кои доведуваат до појава на дерматитис, воспаление кое подоцна доведува до појава на подочници се шампоните, регенераторите и средствата за миење на лицето кои ако се површно измиени остануваат како наслаги на кожата, но истото важи и недоволното миење на косата и лицето.
3. Консумирате храна богата со соли
Храната која има поголема количина на сол предизвикува задржување на водата во организмот на невообичаени места, а едно од нив е и пределот под очите. Дневната количина на внесен натриум во организмот треба да се ограничи на 2.300mg.
4. Често сте на диети
Поради губењето на килограми настанува благо спуштање на образите и појава на подочници на лицето. Брзото слабеење е проследено со намалување на волуменот на кожата, нејзино опуштање, па подочниците први доаѓаат до израз.