Што се случи со моето лице откако една недела престанав да ги допирам акните? (фото)
„Секогаш кога ќе се погледнев навечер во огледало, имав голем нагон да го исчистам лицето од акните. Ако видев некоја нечиста пора, едноставно морав да ја стиснам,“ започнува да раскажува девојката која го направила овој екперимент.
Младата девојка имала секојдневен ритуал за чистење на лицето до кој се задржува, но сепак не можела да и одолее на желбата да ги отстранува акните.
Еден ден решила да проба да издржи цела недела без да ги допира акните со раце.
Прв ден
Првиот ден од експериментот не се промениле многу работи. Црвенилата од претходната вечер се уште стоеле.
Втор ден
Вториот ден исто така немало посебни промени, но решила да остане доследна на експериментот.
Трет ден
Третиот ден било потешко, затоа што се појавиле нови акни и мозолчиња. Но, наместо да ги допира со раце, решила да ги покрие со пудра.
Четврти ден
Кожата започнала да и изгледа подобро. Се уште имало по некоја затворена пора, но се било во ред и без интервенција.
Петти ден
Петтиот ден кожата и изгледала толку добро што наместо пудра, користела само крема како подлога. За среќа, резултатите од експериментот биле доволно видливи за да остане рационална и да не и подлегне на желбата да го допира лицето со раце.
Шести ден
Речиси при крај! Се уште имало по некое нормално црвенило, но тоа било значително помало од првиот ден.
Седми ден
Кожата можеби не и станала совршена за 7 дена, ниту пак очекувала, но за промена била со поизедначен тен и помалку иритирана. Црвенилото речиси и да го немало, а мозолчињата многу помалку се познавале.
Споредените фотографии од првиот и седмиот ден сепак се драстични: