Супер серум од две состојки за ослободување од брчките
Овој природен и што е најважно едноставен серум ќе ве воодушеви. Употребувате многу малку состојки, а сепак е делотворен.
Потребни ви се само две состојки: маслиново масло и витамин Е. Зошто само две состојки?
Маслиновото масло е познато како една од античките тајни за убавина на жените со кој може да имаат прекрасен и сјаен тен. Поаѓајќи ог египетските времиња, жените го користеле овој производ за да го подобрат изгледот на кожата на природен начин.
Дури и денес, дали сте се запрашале зошто жените кои живеат на Медитеранот имаат толку убава и мека кожа и густа коса? Маслиновото масло е нивната тајна.
Овој чудесен природен производ ја хидрира и храни кожата. Токму затоа денес се употребува во козметичката индустрија како главна состојка на голем број комерцијални производи.
Од друга страна, Витаминот Е се смета за природен моќен антиоксиданс кој ја олеснува елиминацијата на токсините од телото. Тој регенеративно делува на кожата и ги намалува брчките.
За оваа цел најдобро е да го купите оној Витамин Е кој е направен со ладно пресирање на пченичните никулци.
Како да го направите серумот?
Најдобар начин за ослободување од брчките се облогите направени од маслиново масло.
Потребни состојки:
- 50ml Маслиново масло
- 5 капсули Витамин Е
- 2 памукчиња
Што треба да направите:
Доволно е да ги измешате маслиновото масло и капсулите, добро да ги промешате и во нив да ги натопите памукчињата.
Добро нанесете ги на очите и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа избришете го маслото со влажни марамици.
Оваа смеса можете да ја употребувате секој ден и ќе забележите видливо намалување на борите.