Нов тренд #ThighReading: Како навистина ни изгледаат бутовите?
Дали се слушнале за хаштагот #ThighReading? Направен е пред еден месец од страна на Твитер корисникот princess_labia која направила фотографија од нејзините бутови и ја поврзала со вештината на читање од рака.
Оттогаш жените ширум светот објавуваат фотографии на социјалните мрежи и ги споделуваат приказните за нивните белези, стрии, целулит и се она што го нарекуваме маана.
Дури и оние кои не објавуваат фотографии од своите бутови, позитивно враќаат на овој тренд.
„Не знаев дека толку многу луѓе имаат стрии и сега се чувствувам како нормален човек“ – вели корисникот sleazeburger (@mxurakate).
„Затоа што никогаш не гледаме слики на социјалните мрежи кои не се фотошопирани или променети на некој друг начин, научени сме дека не изгледаме нормално“ – објаснува princess_labia.
Овој тренд претставува одличен подвиг за девојките кои имаат ниска самодоверба и не го сакаат своето тело.