Мали тајни за депилацијата на бикини зоната
Од сите козметички третмани на кои жените најчесто подлегнуваат, отстранувањето на вишокот на влакна е најчест. Депилирањето покрај тоа што има естетски има и здравствени предности.
Од сите места кои жените ги депилираат, бикини зоната бара малку повеќе внимание и треба да и посветите повеќе време.
Постојат различни начини на отстранување на влакната, а најчести се со брич или со восок. Често се користат и кремите за депилација, но тие може да предизвикаат алергиски реакции.
Отстранувањето со бричеви, креми и восок е релативно безболно, за разлика од употребата на пинцета или депилатор. Исто така, постои и варијанта со која можете да ги отстраните влакната со ласер, но овој начин на отстранување е прилично скап.
Што се однесува до употребата на брич, истиот најдобро е да го менувате почесто, бидејќи тие најчесто се неквалитетни и во најголем број на случаите бричењето може лошо да се одрази на вашата кожа.
Најдобро е да користите пена за бричење и поголемите влакна претходно да ги скратите со ножици.
Влакната се бричат во насока на растење за да не се појават рани на кожата.
По бричењето пожелно е да користите хидратантна крема.
Ако за отстранување на влакната користите восок, површината за депилација мора да биде сува за подобро да се извадат влакната.
Внимавајте на изборот на восок, бидејќи тој може да предизвика алергиска реакција посебно ако е направен од природни состојки.
Влакната се вадат во обратна насока.