Како да ги прикриете деловите од телото кои не се сончани?
По летното уживање на сонцето го добиваме идеалниот бронзен тен на телото, но тој тен си има и свои мани. Остануваме со делови кои не се сончани, а овие траги се посебно забележливи кога сакаме да облечеме некоја поразголена маица.
Се прашувате како може да се ослободите од овие непријатни аспекти на бронзениот тен?
Постојат неколку решенија:
1. Започнете со пудра
Наједноставно е да употребите потемна пудра која нема да ја ставате во големи количини туку ќе ја употребите за да го разблажите ефектот од сончањето и двете различни бои на кожата да ги соедините.
2. Време е за бронзер
Со широка четка нанесете бронзер преку клучните коски се до рамената. Тој дополнително ќе направи да добиете сјаен изглед на кожата и ќе ги изедначи боите.
3. Не заборавајте на рацете
Бронзерот може да ви помогне и во нагласувањето на мускулите на рацете. Со него можете да ги нагласите најубавите делови од телото и да создадете дефиниран изглед на вашата фигура.
4. Контурирајте ги и градите
Побујно деколте е секогаш добра идеја, а истото можете да го имате дури и кога имате мали гради. Решение е бронзерот. Подигнете ги градите со рацете и со бронзерот нагласете ги внатрешните делови од градата.