Трикови со кои ќе ги решите сите летни проблеми со косата

Летото со себе носи голем број на проблеми кои се врзани со косата особено со нејзиниот изглед и степенот на оштетување од штетните сончеви зраци.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-01.jpg

Еве 22 одлични идеи кои ќе ве ослободат од проблемите со косата во лето:


1. Во случај да немате време да ја исушите косата

Можете да ја заврзете во двојна пунџа

Можеби на прв поглед ви се чини како тешка фризура за правење, но процесот е навистина едноставен кога косата ви е влажна. Заврзете ја во висок коњско опавче, поделете ја на две еднакви парчиња и започнете со врзување на првиот јазол, а потоа и на вториот.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-1.jpg

Или долна пунџа во форма на бројот осум

Стегнете ја косата во високо опавче на долниот дел од главата, навртете ја косата и направете јамка околу вашиот прст додека ги држите врвовите на косата во воздух. Зацврстете ја фризурата со мали шноли.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-2.jpg


2. Ако сакате брановидна фризура без многу мачење

Направете брза плетенка

Колку што е поедноставно, побрзо и послободно направена плетенката, толку ќе бидат поголеми брановите.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-3.jpg

Навртете ја косата и закачете ја на коренот

На овој начин ќе добиете екстра слободни и разлетани локни кои ќе ви дадат природен изглед на косата.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-4.jpg

Навртете мокар пешкир околу главата

Благо намокрете го пешкирот и заедно со косата навртете го околу глава. Откако ќе се исуши, отстранете го пешкирот и под него ќе забележите прекрасна брановидна коса.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-5.jpg

Направете спреј од морска сол за виткана коса

Направете свој домашен спреј кој ќе ви го даде совршениот изглед на коса допрена од морската вода. Во 600ml вода додадете лажичка морска сол и ставете во шише спреј. Напрскајте ја косата и благо навиткајте ја со пегла за коса.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-6.jpg


3. За да спречите оштетување на косата од хлор или морска вода

Измијте ја косата со флаширана вода пред да влезете во море или базен

Косата ќе ја апсорбира флашираната вода која ќе спречи хлорираната вода или солената вода да ја уништат вашата коса.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-7.jpg

При сончање заврзете ја косата

На тој начин го изложувате коренот на косата на најголемиот дел од сончеви зраци наместо да пристигнат до врвовите на косата и да предизвикаат нивно кршење и оштетување на косата.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-8.jpg

Исцедете сок од лимон и расчешлајте ја косата

Цитрусната киселина од лимонот кога се меша со сончевата светлина ги отвора кутикулите на косата, ја осветлува и го отстранува пигментот, што е уште еден одличен начин за заштита на косата.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-9.jpg


4. Ако вашите шишки се виткаат од кремата за сончање и потта

Држете ја косата настрана со холандска плетенка

Тргнете ги шушките настрана и од нив направете холандска плетенка.

trikovi-so-koi-kje-gi-razreshite-site-problemi-so-kosata-vo-leto-10.jpg

Уште трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg