Како да направите Холандска плетенка?
Холандската плетенка, или превртената Француска ќе ја направите многу лесно бидејќи таа е мешавина на обичната плетенка и Француската. Тоа значи, усовршете ги овие две пред да се обидете да ја направите Холандската.
1. Започнете со чиста, добро расчешлана коса.
2. Соберете го горниот дел на косата и поделете го во три прамени.
3. Повлечете го десниот прамен во центарот на темето. Потоа преплетете го левиот прамен под центарот на темето.
4. Држете ги трите прамени со левата рака. Користете ја десната рака и показалецот за да одделите страничен прамен, дебел околу 4-5 сантиметри и повлечете го од страна кон средината. Потоа задржете го со десната рака.
5. Прекрстете го десниот прамен под средишниот прамен. Не го испуштајте средишниот прамен, туку стегнете го колку што можете.
6. Преместете ги сите три прамени во десната рака и додадете неколку прамени од левата страна.
7. Прекрстете го левиот прамен под средишниот исто како во четвртиот чекор, само сега со левата рака. Затегнете ја плетенката.
8. Повторувајте ги последните 4 чекори додека не забележите дека плетенката ја добива својата форма.
9. Кога веќе косата се одделува од вашето теме продолжете со превртена плетенка.
Погледнете го и видеото кое многу ќе ви ја олесни работата: