Текст кој треба да го прочитате пред да се тетовирате

Некогаш се тетовирале претежно морнари и војници. Денес се тетовираат сите. И тоа не само откачени личности со авантуристички дух, туку и останатите поповлечени луѓе кои сакаат да го украсат своето тело со некој важен датум, букви или фотографија.

tekst-koj-treba-da-go-procitate-pred-da-se-tetovirate-01

Многу истражувања покажале дека повеќето мажи се определуваат за тетовирање, но и припадниците на понежниот пол не заостанува многу.

Исто така, резултатите покажуваат дека 86 % од испитаниците никогаш не се покајале поради тетоважата. Но има и такви, 14 % кои се покајале.

За среќа денес можат да се отстранат тетоважите кои не ги сакате, но тој процес сè уште е болен и скап.

Потребно е внимателно да пристапите на тетовирањето бидејќи тоа е нешто што треба да го носите на себе цел живот, па затоа не треба само слепо да ги следите трендовите.

Ова се најчестите типови тетоважи кои луѓето ги отстрануваат во ординациите специјализирани за тоа.

1. Најмногу се отстрануваат имиња. Тоа се имиња на бивши љубовници и партнери. А во оваа група спаѓаат и тетовираните бурми, во замена за прстени.

2. Се отстрануваат и бесмислени цртежи кои не знаат ни зошто воопшто некогаш ги одбрале и немаат никакво значење.

3. Голем број луѓе ги отстрануваат тетоважите од видливите места, како што се вратот, дланките и подлактиците. Причините за тоа најчесто е работата во некои компании каде има одреден кодекс за изгледот и не се дозволени тетоважи.

4. Некои бои се полесни, а некои потешки за отстранување со ласер. Најтешко се вадат оние кои се поблиски со нијансата до тенот на кожата, а тоа се најчесто жолтата, беж и кафена. Следуваат црвената, зелената и сината, а црната е боја која најлесно се отстранува со ласерот.

Ако се подготвувате за тетовирање можеби е најдобро овие работи да ги знаете.

Но, најважно е да внимавате што и каде тетовирате. Размислете добро, а не само во моентот на трендот, бидејќи тетоважата е животен белег на кој треба да сте горди, а не моден тренд од кој ќе се срамите.

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg